Superhiks - Za Nas (na ćirilici)

Ајде сите на нозе, сите за нас,
За Македонија запеј на глас!

На Балканот има една земја мала,
Велат била горда зошто светски пат си дала
Нацева, Манасков, Буштур и Атина
Само дел од нив се и уште многу ќе ги има.

Ајде сега силно од гради да се пуштат,
Илјадници гласови силно да се слушнат

Реф.
Ајде сите на нозе, сите за нас,
За Македонија запеј на глас!

Нема кој на светот Панчев не го знае,
Лацио без Пандев ист не ќе да е
Лихтенштајн да прима голови на рати,
Осумдесет и седма, златно време да се врати

Ајде сега силно од гради да се пуштат,
Илјадници гласови силно да се слушнат

Реф.
Ајде сите на нозе, сите за нас,
За Македонија запеј на глас!

ооооо, ооо...

Реф.
Ајде сите на нозе, сите за нас,
За Македонија запеј на глас!

ооооо, ооо...